Сербезовски лаже дека бил со мајка ми: синот на Есма реагира по објавите за наводната љубов меѓу пејачите

Сербезовски лаже дека бил со мајка ми: синот на Есма реагира по објавите за наводната љубов меѓу пејачите

пред 3 години

Синот на Есма Реџепова, Симеон Атанасов, тврди дека Мухарем Сербезовски лаже кога вели дека биле заљубени со мајка му. Атанасов вели дека пејачката не можела ни да го поднесе.

„Како дете кое живееше со Есма речеиси 40 години и кој знае речиси сè сакам да кажам дека мојата мајка немаше било каква врска со Сербезовски. Јас не знам дали Мухарем дал ваква изјава, но, знам дека Есма и тој не беа во добри односи поради тоа што тој целиот живот пееше турски песни и ги препевуваше, додека мојата мајка каде и да се појавеше пееше чисти ромски песни. Постоеше само еден човек пред Стево Теодосиевски, но, тоа не беше Мухарем“, рече тој.

За потсетување, Сербезовски неодамна даде изјава во која дека тој и Есма биле циганските Ромео и Јулија и дека нивната љубов не успеала затоа што таа не можела да го поднесе.

Наскоро ќе се навршат 5 години од смртта на Есма која целиот живот го посвети на музиката и работата, а заедно со нејзиниот сопруг, ги школуваше и нејзините 48 посвоени деца.

Share
Scroll to Top