Серхио Агуеро објави крај на кариерата, фудбалерот се расплака на прес-конференцијата

Серхио Агуеро објави крај на кариерата, фудбалерот се расплака на прес-конференцијата

пред 2 години

Аргетинскиот фудбалер Серхио Агуеро (33) и напаѓач на Барселона попладневно прогласи предвремен крај на својата 18-годишна фудбалска кариера поради здравствени проблеми. Тој емотивно ја доживеа целата ситуација, па се расплака сред прес-конференцијата во Барселона.

„Одлучив да престанам да играм професионален фудбал. Одлуката ја донесов поради своето здравје, поради проблемите кои ги имав пред месец и половина. Бев во добри раце на лекарскиот тим и тие ме советуваа да престнам да играм фудбал. Одлуката ја донесов пред десетина дена. Направив сè што беше во мој моќ да задржам барем и најмала надеж, но не одеше. Горд сум на мојата кариера и среќен за тоа што го постигнав“, изјави Агуеро.

Тој беше во придружба на претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, а поддршка му изрази и неговиот поранешен тренер во Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа во Атлетико Мадрид, каде дојдов на 18-годишна возраст, на луѓето во Сити, кои знаат колку многу ми значат. Дадов сè од себе и одлично бев примен, а им благодарам на сите и во Барселона, кои се неверојатни. Без сомнение се еден од најдобрите клубови во светот. Благодарност и до аргентинската репрезентација, која најмногу ја сакам“, додаде Агуеро.

Летово тој дојде во Барселона откако направи трасфер од Манчестер Сити, каде постигна 184 голови на 275 натпревари во Премиер лигата и стана најдобар стрелец на сите времиња.

За потсетување, тој мораше предвреме да се пензионира поради неодамнешните здравствени компликации и констатираната срцева аритмија поради која предвреме го напушти теренот за време на првенствениот натпревар меѓу Барселона и Алавес (1:1). Иако требаше да п

Аргентинецот првично требаше да паузира од фудбалот три месеци, но набрзо почнаа да пристигнуваат вести дека состојбата со неговото срце е многу посериозно и веќе нема да може активно да игра фудбал.

Share
Scroll to Top