Серхио Рамос го одби новиот договор со Реал Мадрид

Серхио Рамос го одби новиот договор со Реал Мадрид

пред 3 години

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, не успеа да се договори околу продолжувањето на договорот со „кралскиот клуб“.

Медиумите пишуваат дека многу е веројатно тој на лето да го напушти тимот и на лето да се пресели во францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Капитенот на Реал не се согласил со намалената плата, но барал нов двегодишен договор, додека управата и претседателот Флорентино През, му понудил само договор на една година.

Од друга страна, клубот од Париз му понудил на Рамос дури тригодишен договор и подобри финансиски услови отколку „кралскиот клуб“. Французите имаат желба да го донесат Рамос како слободен играч во Јуни.

Рамос начелно дал согласност за тимот од „Паркот на принцевите“, а сега се чека потегот на челниците на Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top