Серхи Роберто од Барселона 26 пати имал позитивен тест на корона

Серхи Роберто од Барселона 26 пати имал позитивен тест на корона

пред 4 години

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто, 26 пати по ред имал позитивен тест на ковид-19, пренесуваат шпанските медиуми. Фудбалерот се повреди пред два месеци, а додека закрепнувал од повредата, се заразил со корона.

По ова Серхи заминал во изолација. Од клубот му правеле тестирања и 26 последователни теста покажале дека тој е позитивен. Откако конечно доби негативен тест на ковид-19, лекарите му дадоа дозвола за тренинг и настап.

Серхи по повеќе од два месеца првпат настапи за Барселона на натпреварот против Атлетик Билбао.

 

Share
Scroll to Top