Сер Пол Мекартни издаде нов албум на 78 години

Сер Пол Мекартни издаде нов албум на 78 години

пред 3 години

Легендарниот британски музичар, сер Пол Мекартни (78), го издаде својот 18. соло албум, наречен „Мекартни III“. Албумот со единаесет нови песни е и последен од неговата трилогија, која почна со албумот „Мекартни“ во 1970 година и продолжи во 1980 година со албумот „Мекартни II“.

„Секој ден почнав да снимам инструмент на кој пишував песна и постепено правев нови слоеви, беше многу забавно. Правев музика за себе, а не за некоја цел. Правев работи што сакам да ги правам и не знаев дека тоа ќе заврши како албум“, изјави Мекартни пред издавањето на албумот.

Популарниот пејач на некогашните „Битлси“ ја промовира и првата песна од албумот, Find My Way.

Share
Scroll to Top