Се враќам на студиите по медицина, а победата на Гранд е мотив да продолжам со пеење, Славица Ангелова не ги криеше емоциите во музичкото шоу

Се враќам на студиите по медицина, а победата на Гранд е мотив да продолжам со пеење, Славица Ангелова не ги криеше емоциите во музичкото шоу

пред 11 месеци

Победничката во Ѕвездите на Гранд, Славица Ангелова не ги криеше емоциите на крајот од музичкото шоу. Таа им се заблагодари на сите за поддршката, особено на нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, за кого рече дека освен за неа, несебично се вложувал за целиот тим.

„Јас сум како тивка вода која брег рони“, рече Славица која објасни дека на почетокот иако мислела дека ќе оствари некаков успех, не очекувала дека на крајот ќе победи.

Рече дека го направила вистинскиот избор кога го избрала Давид за ментор.

„Со Давид поминавме многу можам да кажам и добри, но имавме и моменти кога не се согалсувавме. Еднаш ме искритикува затоа што погрешив и ми дојде да заплачам, но потоа сватив дека бил во право. Тој е тука за да ме поправи и мислам дека тоа е најправилниот начин кој еден ментор треба да го прави за да се дојде до успехот“, рече Славица, која додаде дека заедно се договарале околу изборот на песните.

За во иднина засега рече дека ќе продолжи со пеење, но нема намера да се откаже од студирањето медицина во Софија.

„Само со многу работа, труд и учење од грешките, човек може да постигне успех“, рече Славица, која ги охрабри сите млади кои сакаат да учествуваат во иднина, да се пријават во музичкото шоу.

Славица е бисер дете, а јас сум слаб на Македонците, рече Ѓорѓе Давид по победата во Ѕвездите на Гранд

 

Share
Scroll to Top