Се гради најголемиот аквариум на светот: 68.000 морски животни во 25 милиони литри вода

Се гради најголемиот аквариум на светот: 68.000 морски животни во 25 милиони литри вода

пред 3 години

Изградбата на најголемиот затворен аквариум на светот „SeaWorld“ во Абу Даби, влегува во завршна фаза, а неговото отворање е планирано за наредната година. Посетителите ќе имаат можност да видат над 68.000 морски животни, како и бројни изложби, презентации и прикази за подводниот свет од Северниот до Јужниот пол.

Основната челична конструкција на пет нивоа е завршена, а претстои уредување на внатрешноста и околината.

За полнење на комплетниот систем на аквариумот ќе бидат потребни 25 милион литри вода.

Особена атракција ќе бидат вертикалните прозорци од 20 метри кои ќе даваат увид во случувањата на сите нивоа. А покрај самиот акваирум, ќе се изгради истражувачки и спасувачки центар кој ќе се грижи за подводниот свет.

Посетителите ќе учествуваат најразлични едукативни курсеви каде ќе можат да дознаат сè за научните истражувања.

Share
Scroll to Top