Актерот Ед Вествик, кој се прослави со улогата на Чак Бас во серијата „Gossip Girl“ („Озборувачка“), наскоро ќе се ожени.
Тој ја запроси својата девојка, актерката и модел Ејми Џексон, а обајцата објавија фотографии од запросувањето на своите профили на Инстаграм.
Ед ја запросил Ејми на скијање во Швајцарија, а таа со ентузијазам го прифатила предлогот.
Присутните ги фотографираа, а под нивните објави се редеа честитки.