Свадбата на хрватскиот иноватор и претприемач Мате Римац, кого медиумите го нарекуваат „хрватскиот Илон Маск“, и неговата долгогодишна девојка Катарина Ловриќ привлече големо внимание.
Двојката се венчаше во малата црква кај Ливно, а еден месец претходно го склучија граѓанскиот брак во Вила Далмација во Сплит. Сега црковната венчавка и прослава беа со повеќе гости, а темата на свадбата беше природа, по желба на Катерина, па така целата веселба се одржа во природа со стаклен шатор.