Малала Јусафзаи, добитничката на Нобеловата награда за мир и активистка за човекови права се омажи за својот партнер Асер Малик на скромна церемонија во Бирмингем.
Таа објави фотографии од венчавката на својот Твитер профил, на кои се гледаат Малик и членовите на нивното семејство.
„Денес е посебен ден во мојот живот, Асер и јас сме посветени да бидеме партнери до крајот на нашите животи. Возбудени сме што ќе одиме заедно на патот што претстои“, напиша Јусафзаи.
Today marks a precious day in my life.
Asser and I tied the knot to be partners for life. We celebrated a small nikkah ceremony at home in Birmingham with our families. Please send us your prayers. We are excited to walk together for the journey ahead.
?: @malinfezehai pic.twitter.com/SNRgm3ufWP— Malala (@Malala) November 9, 2021
Малала на 17 години стана најмладата добитничка на Нобелова награда во која било област, откако во 2014 година ја подели Нобеловата награда за мир со индискиот активист за правата на децата Каилаш Сатирахи.
Таа била застрелана на 9 октомври 2012 година додека се враќала од училиште, откако напаѓач се качил во училишниот автобус и испукал два истрели во нејзината глава и вратот. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.
Нјезиното здравје беше критично, но откако ѝ се подобри состојбата, беше префрлена во Бирмингем на понатамошно лекување.
Атентатот покрена поддршка за Малала ширум светот, а специјалниот пратеник на Обединетите нации за глобално образование, Гордон Браун, започна петиција под слоганот „Јас сум Малала“ со цел до крајот на 2015 година сите деца ширум светот да бидат во училиштата. По што, Пакистан да ја ратификува првата повелба за правото на образование.