Се омажи Скарлет Јохансон: Наместо подароци, глумицата бара донации

Се омажи Скарлет Јохансон: Наместо подароци, глумицата бара донации

пред 3 години

Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон се венча со Колин Џост на тајна церемонија, пренесоа американските медиуми. Двојката, која се вери во мај 2019 година направила мала свадба на која биле само нивните семејства и најблиските пријатели.

Веста за венчавката на Скарлет и Колин ја објави хуманитарната организација Meals on Wheels America на „Инстаграм“.

„Среќни сме што можеме да ја споделиме веста дека Скарлет и Колин се венчаа минатиот викенд, во присуство на најблиските и со сите мерки за заштита од Ковид-19. Нивната свадбена желба е да им се помогне на ранливите групи постари граѓани во ова тешко време, така што ќе ја поддржите фондацијата и вие ќе донирате во нивно име“, стои во објавата на организацијата која подготвува и им носи оброци на старите и изнемоштени лица низ цела Америка.

Јохансон и Џост се верија лани по двегодишна врска. Во интервју кај Елен ДеЏенерис, Скарлет откри дека Колин ја побарал за жена во стилот на Џејмс Бонд.

Ова е прв брак за Колин, а трет за Скарлет. Таа претходно беше мажена за глумецот Рајан Рејнолдс, од 2008 до 2010 година и за Ромиан Дуариак од 2014 до 2017 година. Со него ја има ќерката Роуз Дороти.

Share
Scroll to Top