Се омажи ќерката на Пол Вокер: До олтарот ја одведе Вин Дизел, најдобриот пријател на починатиот татко

пред 3 години

Медоу (22), ќерката на трагично загинатиот актер Пол Вокер, се омажи за глумецот Луи Торнтон Алан. До олтарот ја одведе најдобриот пријател на нејзиниот починат татко, Вин Дизел, кој бил и кум на свадбата.

Манекенката на својот инстаграм-профил објави неколку слики и видео од венчавката. Таа и Луи се венчаа три месеци по свршувачката.

„Се венчавме“, напиша Медоу.

За потсетување, Пол Вокер, ѕвездата на „Брзи и бесни“, почина 2013 година, неколку недели пред 15. роденден на Медоу. Актерот загина на 40 години во сообраќајна несреќа, откако со Порше се заби во метален столб во Лос Анџелес, а возилото се запали. Вокер бил на совозачкото седиште во поршето.

(Фото) Ќерката на Пол Вокер му го честиташе роденденот на починатиот глумец

Share
Scroll to Top