Актерот Итан Хоук (55), чија ќерка неодамна се омажи во тајност, ги изненади сите во ново интервју за британските „Вог“ и „Џи-Кју“ признавајќи што сака да прави во спалната соба и себеси се нарече „неверојатно вулгарен“ поради тоа.
За време на интервјуто, разговорот се сврте и кон храната, но со специфична цел – актерот беше прашан дали сака да јаде во кревет, на што даде прилично неочекуван одговор. И тоа двосмислен.
„Неверојатно вулгарни работи ми се вртат низ глава“, одговори тој, а потоа не се двоумеше да разјасни што мисли.
„Сакам да јадам во кревет, но не јадам храна“, рече тој со насмевка.
Итан Хоук некогаш се сметаше за еден од најголемите заводници во Холивуд, а за време на својот врв на популарност беше во брак со познатата Ума Турман, со која има ќерка, Маја Хоук, која неодамна се омажи на Менхетен.
Тие се запознаа во 1996 година, се венчаа две години подоцна, а се разделија во 2003 година. Разводот официјално бил финализиран во 2005 година, а актерот повторно се ожени во 2008 година. Тој има две деца со сопругата Рајан Хоук.
„Мојата сопруга е навистина духовита. На пример, ќе излеземе на вечера и јас ќе кажам: Боже, тој келнер е толку груб, а таа ќе каже: Не беше, само не те препозна. Беше нормален. Едноставно си навикнат сите да ти се смеат кога ќе те видат, да ти понудат нешто или да те остават да го прескокнеш редот.“






