Се отвори летната сцена „Славиша Кајевски“

Се отвори летната сцена „Славиша Кајевски“

пред 12 месеци

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.

„Не сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика“, велат од МНТ.

Следните настани се исто така концепирани со театарска и музичка содржина, а настаните кои следат хронолошки се: 24.9 – „Пијан Славеј“, 25.9 – „Кец на десетка“, 26.9 – „Не се клади на Енглези“, 27.9 – „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 – „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје.

И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на 1.10 и свеченото затворање на летната сцена го заокружуваме на 2.10 со култниот рок бенд „Архангел” – Македонски подобро звучи Едиција 4.

Сите настани се со почеток во 21:00 часот.

Share
Scroll to Top