Се породи Цеце од  „Утринска на Телма“, уште еден син за водителката

Се породи Цеце од „Утринска на Телма“, уште еден син за водителката

пред 2 години

Водителката на „Утринска на Телма“, Цеце Тодосовска се породи на 14 мај. Таа доби уште еден син, а веста ја споделија нејзините колеги, а се пофалија и дека на работа се јаделе мекици за бебето.Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се добро. Цеце и нејзиниот сопруг Столе, веќе го имаат четиригодишниот син Бодан, и ова е второ дете за водителката. Пред два месеци во разговор за Репортер, Цеце ни откри дека се радува затоа што ќе пристигне нов член во семејството. На прашањето како се чувствува,  таа рече дека оваа бременост и била многу поразлична и полесна од претходната.

„Супер се чувствувам. Секојдневно одам на работа и успешно се справувам со предизвикот на Утринската емисија плус се по дома. Многу помош имаме од бабите и дедовците за што сум бескрајно благодарна. Инаку оваа бременост ми е целосно различна од првата. Лесно беше сè до сега, па се надевам дека така ќе биде до самиот крај. Иако, искрена да бидам, веќе ми стануваат сите обврски се потешки, па затоа наскоро ќе се повлечам од Утринската“, ни откри Цеце за Репортер во осмиот месец од бременоста.Цеце и нејзиниот сопруг Столе се љубители на природата па неретко објавуваат фотографии од нивните семејни прошетки, пешачења или обиколки со велосипед.

Share
Scroll to Top