Кочанчанец (37) се претставувал како лажен оџа кој лекува жртви на црни магии, а потоа ги злоупотребува за полови дејства или пари. Во еден од случаите, тој побарал од мајката на едно девојче, да ги остави сами за да ѝ пее и лекува од црни магии.
Откако ги оставила тој го принудил девојчето на полови дејствија. Девојчето од страв не ѝ кажало ништо на мајка ѝ, но, кога таа сакала по третпат да го повика, девојчето раскажало што се случува, по што лажниот оџа бил пријавен во полиција.
Сега тој се соочува со кривична пријава за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, соопштија од Основното јавно обвинителство во Гостивар. Против него и уште други двајца кои се сомничат за вмешаност, е поведена постапка за кривично дело.
Ова не е првпат лажниот оџа да изврши полово дејство врз малолетно лице. Тој во два наврати го сторил истото дело врз 9 годишно дете на 23 и 24 ноември, чија мајка исто така ја излажал, дека ќе ја излечи од магии па потоа го злоупотребил дететот.
Заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, измамиле и друга жена. Првоосомничениот во договор со другите двајца, исто така ѝ се претставил како оџа кој ќе ѝ помогне да ги тргне магиите од нејзината куќа. Во повеќе наврати тројцата ја убедувале дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа да ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата ѝ наплатиле вкупно 98.000 денари. Кога почнале да се договараат за нова средба, таа се посомневала дека е измамена и ги пријавила.
За првопријавениот Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, додека за останатите двајца осомничени се предложени мерки на претпазливост.