Славната турска актерка Демет Оздемир се разведува со сопругот Огужан Коч, по 9 месеци брак. Веста ја пренесе турскиот магазин „Сноб“, според кој двојката веќе не живеат заедно. Демет и Огужан, направија луксузна венчавка лани во август, но двојката не успеа да го задржи бракот. Уште минатиот месец турските медиуми објавија дека парот поминува криза и се обидуваа да ја спасат својата врска.
Демет веќе се преселила во нејзината куќа Истанбул, каде претходно живееше сама и ги земала сите нејзините работи од заедничкиот дом со сопругот.
Гласините велат дека двојката наскоро ќе поднесе барање за развод. Покрај тоа, Демет не беше на гала премиерата на филмот „Жал ми е“ во кој глуми нејзиниот сопруг.
Таа во моментов е акатуелна по серијата „Моето име е Фарах“ во која игра со познатиот актер Енгин Акујрек.