Во скопската Зоолошка градина се родија 5 бебиња јужноамерикански коати. Тие се заедно со мајката и бидејќи сеуште се мали не се знае нивниот пол.
„Имаме пет мали јужноамерикански коати кои се постојано со својата мајка и затоа се уште не го знаеме полот. По четвртиот месец ќе почнат и самостојно да јадат, а дотогаш ќе бидат во топлата прегратка на мама“, рекоа од скопската Зоолошка.
Јужноамериканските коати по десет дена од нивното раѓање почнуваат да ги отвораат очите, а по дваесет почнуваат да се движат во нивното гнездо. По дваесет и пет дена од нивното раѓање тие веќе се способни да можат да се качуваат на дрвјата.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Дубовица плажа во Хрватска, за која туристите стануваа рано да фатат место
(Видео) Маж спаси мајка со бебе во поплавите во Италија
Раде Шербеџија ќе има концерт во Битола
Русија направи музеј од палатата на последниот руски цар Николај Втори
Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, позитивен на корона
Џеред Лето повторно ќе го глуми Џокер