Се самоуби млад српски фудбалер

Се самоуби млад српски фудбалер

пред 3 години

Српскиот фудбалер Горан Обрадовиќ се самоуби, а трагичната вест ја објавија од фудбалскиот клуб Арарат од Јервен, од Ерменија, каде играчот ги имаше најголемите успеси.

Засега не е познато како Горан го извшрил самоубиството, ниту пак причините за тоа. Претходната сезона тој играше за Тауншип Ролерс од Боцвана, а освен Арарат, Обрадовиќ во Ерменија играше и за Ганџасар, Алашкерт и Мику.

Обрадовиќ имал само 35 години, а за време кога настапуваше во Србија, тој играше за Млади радник од Пожаревца и БСК од Борч. Тој беше одбрамбен играч, а никогаш не доби покана да игра за репрезентацијата.

Share
Scroll to Top