Се самоуби Твич, диџејот од шоуто на Елен Деџенерис

Се самоуби Твич, диџејот од шоуто на Елен Деџенерис

пред 1 година

Стивен Бос, познат како Твич, се самоуби на 40-годишна возраст. Според американските медиуми, тој бил пронајден со прострелна рана во хотелска соба. Твич се прослави како диџеј во шоуто на Елен Деџенерис. 

Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Алисон Холкер.

„Со тешко срце морам да споделам дека мојот сопруг Стивен нè напушти. Стивен ја развеселуваше секоја соба во која ќе зачекореше. Тој ги ценеше семејството, пријателите и заедницата повеќе од сè и живеењето со љубов и светлина му значеше најмногу. Тој беше ‘рбетот на нашето семејство, најдобриот сопруг и татко и инспирација за неговите фанови… Стивен, те сакаме, ни недостигаш и секогаш ќе го чувам последниот танц за тебе“, стои во нејзиното соопштение за јавноста.

Твич и Алисон пред неколку дена ја прославија 9-годишнината од бракот. Тие имаат три деца.

Твич се прослави како учесник во шоуто So You Think You Can Dance, а потоа имаше неколку филмски улоги. Беше дел од тимот на Елен од 2014 година па сè до финалната сезона.

Share
Scroll to Top