Се самоуби ќерката на познатиот музичар Трики

Се самоуби ќерката на познатиот музичар Трики

пред 4 години

Мина Топли Брд, ќерка на британскиот рапер Трики, основач на популарната група „Масив Атак“, се самоуби на 24 години. Мина, која исто така е музичарка, непосредно пред самоубиството им се доверила на членовите на нејзиниот бенд „4040“ дека „верува оти публиката ја исмејува“.

Мина неколку дена пред да се самоубие, била примена во болницата „Вест парк“ во Дарлингтон, институција за ментални болести. Таа се обесила во својата болничка соба. Лекарите пробале да ја спасат, но безуспешно.

Детективот Џон Тајерс во изјавата навел дека млада жена почувствувала дека нејзиниот последен настап со бендот поминал лошо и дека публиката константно ја исмејувала.

Пријателот и соработникот од групата, Брендан Марфи, пред неколку месеци успеал да ја однесе во болница, откако претходно се обидела да се фрли под автомобил по „лошата тезга“, пренесуваат британските медиуми.

Share
Scroll to Top