Австралиската пејачката Кајли Миног се сврши со своето момче, 46-годишниот Пол Соломон, директорот на британскиот магазин GQ, пишува New Idea.
Веста прва ја потврди глумицата и пејачка Били Пипер во интервју за британското издание на магазинот Elle кога изјавила дека тој ѝ е свршеник. Потоа истото тоа го потврдила и мајката на Пол, Глорија, за MailOnline.
„Пресреќна сум што Пол и Кајли се свришле. Толку сум возбудена. Жал ми е што не можам да ви откријам повеќе детали затоа што ми рекоа дека не смеам. Премногу ги почитувам мојот син и Кајли за да им направам такво нешто“, изјавила Глорија.
За потсетување, двојката се заљуби во 2018 година кога се запознаа преку заеднички пријател. На почетокот не ја откриваа врската, а официјално станаа двојка кога Кајли ја објави на „Инстаграм“ нивната прва заедничка фотографија од Њујорк.
„Супер ни е во врската. Феноменално. Баш кога помислив дали може повторно да се заљубам, се појави Пол и ме изненади“, изјави тогаш Кајли Миног.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Огромна риба извлечена од езерцето во Градскиот парк
Саша Ковачевиќ се соблече гол на Тајланд
(Видео) Кипар како Лејди Гага, Полска како Дуа Липа: Евровизиски песни што потсетуваат на светски хитови
Разводот ја чинеше Адел половина од богатството
TOYOTA RAV4 – Од прв во светот до најдобар во светот и во Македонија
Северина бесна на властите, „Вие ми го земавте детето“
