Се снима втора сезона од хит серијата „Венсдеј“, најави Нетфликс

Се снима втора сезона од хит серијата „Венсдеј“, најави Нетфликс

пред 1 година

Нетфликс го одобри снимањето на втората сезона од хит серијата „Венсдеј“, која ги следи авантурите на младиот Вејнсдеј Адамс.

Серијата, со Џена Ортега во главната улога, собра една милијарда гледаност на Нетфликс во првите три недели од емитувањето.

Исто така, социјалните мрежи се преплавени со видеа на корисници од целиот свет кои се обидуваат да го имитираат танцот што го изведува Венсдеј Адамс во една епизода од оваа се попопуларна серија.

Покрај младата Џена Ортега во улогата на Венсдеј, како директорка на средното училиште игра и Гвендолин Кристи, а потоа Кристина Ричи, Џејми Мекшејн, додека Луис Гузман и Кетрин Зета Џонс ги толкуваат улогите на родителите Гомез и Мортиша Адамс.

 

Share
Scroll to Top