Се јави Хелена Роза по силниот земјотрес во Нов Зеланд, „Ние сме добро“

Се јави Хелена Роза по силниот земјотрес во Нов Зеланд, „Ние сме добро“

пред 3 години

По вчерашниот силен земјотрес кој се случи во Нов Зеланд, се јави поранешната водителка Хелена Роза, која веќе неколку години живее таму со семејството. Таа на „Инстаграм“ напиша дека тие се добро и дека ништо им се нема случено.

„Ние сме ок“, напиша таа на „Инстаграм“.

Во текот на вчерашниот ден, три силни земјотреси го потресоа подрачјето во Нов Зеланд. Првиот бил со јачина од 7,3 степени, вториот од 7,5 степени, а третиот од 8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров.

За потсетување, Роза веќе неколку години живее во Нов Зеланд со нејзиниот сопруг Игор, ќерката Кијара и синот Тиан.

 

Share
Scroll to Top