СЗО бара итна забрана за продажба на живи диви животни на пазари за храна

СЗО бара итна забрана за продажба на живи диви животни на пазари за храна

пред 4 години

Светската здравствена организација (СЗО), поддржана од клучни партнери, издаде ново упатство во кое се вели дека животните, особено дивите животни, „се извор на повеќе од 70 проценти од сите појавни заразни болести кај луѓето, од кои многу се предизвикани од нови вируси“.

И затоа, Здравствената агенција на Обединетите нации денеска ги повика државите да ја запрат продажбата на живи животни заробени од дивината на пазарите со храна како итна мерка, со оценка дека дивите животни се водечки извор на појава на заразни болести како коронавирусот.

САД и уште 13  други држави изразија сомневање во студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за можното потекло на коронавирусот во Кина, укажувајќи на доцнењето и немањето пристап до примероците и податоците.

Заедничката студија на СЗО и Кина објавена на 30 март вели дека преносот на вирусот од лилјаците преку некои други животни на луѓето, е најизгледното сценарио и оти излегувањето на вирусот од лабораторија е „многу малку веројатно“. Студијата бара натамошно проучување, а генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус изјави дека сите хипотези се отворени.

Share
Scroll to Top