Силвио Берлускони повторно во болница

Силвио Берлускони повторно во болница

пред 3 години

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (84) од понеделникот се наоѓа во болница и во наредниот период нема да присуствува на јавни настани.

Ова го велат добро упатени извори блиски до поранешниот италијански премиер. Засега не е позната причината зошто медиумскиот тајкун е хоспитализиран, но еден од изворите тврди дека не е нешто сериозно.

Берлускони затоа што беше хоспитализиран, не пристигнал на рочиште во судот во Милано, во врска со судски процес во кој тој е вмешан, пренесуваат италијанските медиуми.

Ова не е првпат Берлускони годинава да заврши во болница. Во февруари, тој паднал во својот дом во Рим, по што се здобил со неколку модрици. Во јануари поради срцеви проблеми, бил хоспитализиран во болница во Монако.


Ќе ви се допадне

The Seven Deadly Sins Episode 24 at AnimeHeaven bleach anime heaven

Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12 at GoGoAnime haikyuu season 2 gogoanime

AnimeFreak

Share
Scroll to Top