Пејачката Маријана Новачевска, која долги години живее во Австралија, утрово ја исплашил силниот земјотрес во Мелбурн. Земјотресот со јачина од 5,9 ја тресел куќата неколку секунди, а од јачината на потресот, почнале да паѓаат и да се кршат предмети во нејзиниот дом. Маријана вели дека одамна не почувствувала толкав страв.
„Јак земјотрес во Мелбурн. До толку бев исплашена од звуците, тресењето, паѓањето на сликата од ѕидот, едвај дојдов до вратата. По сè изгледа сум заборавила што е земјотрес“, напиша таа.
Маријана долги години беше една од најпопуларните пејачки во Македонија, а пееше со својата сестра близначка Росана. Во време на најголемата популарност се пресели во Австралија со тогашниот сопруг, композиторот Тоде Новачевски Тој за неа и Росана ги напиша некои од најголемите хитови што ги испеа дуото. Маријана и Тоде во Австралија се разведоа. Тие имаат две деца, син и ќерка.