Симнете ги мувлата и дамките од ѕидовите со домашен рецепт

Симнете ги мувлата и дамките од ѕидовите со домашен рецепт

пред 3 години

Најефикасниот препарат кој се бори мротив мувлата е масло од чајно дрво, едно од најмоќните етерични масла. Ова масло е прилично скапо, но има интензивен мирис. Мала количина масло долго ќе ви потрае, а мирисот исчезнува релативно брзо.

Препаратот против дамки и мувла ќе го направите така што две лажици масло ќе растворите во околу 400 мл вода, ќе го протресете шишето со спреј и ќе ја испрскате површината зафатена со мувла. Може да ги третирате делови од плафонот, завесите за туш во купатилото, или теписите чии делови се мувлосани.

Втор добар сојузник во борбата против мувлата е екстрактот од семки од грејпфрут – исто така не е претерано евтина, но е бесмирисна супстанца која со задоволство ја користат сите оние на кои им смета чајното дрво. Рецептот е сличен – 20 капки екстракт на 400 мл вода.

Третиот домашен препарат е обичниот алкохолен оцет. Стручњаците тврдат дека чистиот оцет убива околу 80% од мувлата, а вие растворувате го со вода и, по желба, додадете неколку капки од омиленото етерично масло за да го преовладате непријатниот мирис додека да испари.

Секако, можете да користите и варикина, но на многумина им смета нејзиниот мирис, а не е ни безопасна за користење. Испрскајте го ѕидот со мешавина од избелувач и вода, оставете кратко да делува, па исперете со крпа наквасена со чиста вода. Водете сметка за тоа дека испарувањата на варикината се отровни и секогаш да ги држите прозорците отворени кога работите со неа.

Share
Scroll to Top