Македонскиот пијанист со светска слава, Симон Трпчевски, издаде нов албум за престижната британска куќа „Лин Рекордс“.
На албумот, Трпечeвsки соработува со романскиот диригент Кристијан Мачелару и Симфонискиот оркестар на WDR од Келн, Германија, изведувајќи ги двата концерта за пијано и оркестар од Јоханес Брамс.
„Беспрекорната техника на Трпчески и чувствителното свирење на оркестарот обезбедуваат задоволство за пијанофилите“, вели издавачот „Лин рекордс“.
Текстот Симон Трпчевски издаде нов албум за престижната британска куќа „Лин Рекордс“ е превземен од МАКФАКС.