Синиша Михајловиќ доби мурал во Нови Сад

Синиша Михајловиќ доби мурал во Нови Сад

пред 10 месеци

Мурал посветен на познатиот фудбалер Синиша Михајловиќ е насликан на фасадата на зграда во близина на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад.

Михајловиќ, поранешен фудбалер и тренер, кој дел од кариерата ја помина во Нови Сад, почина во 2022 година.

Акцијата на мурално сликање ја организирало Здружението на граѓани „Кутак Лиман 2“.

Муралот се наоѓа во Улица Благоја Паровиќ, пред еден од влезовите на ТЦ „Променада“.

Ова е првиот мурал во главниот град на Војводина посветен на почесен граѓанин. Михајловиќ со Војводина ја освои втората шампионска титула во клупската историја.

Михајловиќ во поголемиот дел од кариерата играше во италијански клубови, каде подоцна стана тренер. Својот најголем клупски успех го постигна со Црвена звезда, со која го освои Купот на шампионите во 1991 година.

Според Дневник од Нови Сад, муралот го насликал белградскиот уметник Милан Милосављевиќ, познат и како Дерокс, кој веќе има направено мурали за Новак Ѓоковиќ и Светозар Милетиќ.

Share
Scroll to Top