Синиша Михајловиќ: Шармот е тоа што ме привлекуваше кај Аркан

Синиша Михајловиќ: Шармот е тоа што ме привлекуваше кај Аркан

пред 3 години

Автобиографијата на српскиот фудбалски стратег, Синиша Михајловиќ, „Игра на животи“, предизвика бурни реакции во италијанската и српска јавност.

Тој во еден дел во книгата, го опишал и својот однос кој го имал со Жељко Ражнатовиќ Аркан.

„На почетокот ме привлекуваше неговиот ѓаволест шарм, а подоцна станавме големи пријатели. Никогаш нема да правам некои работи, како што тој ги правеше, но нема ни да го негирам пријателството со него. И тој беше дел од мојот живот“, напишал Михајловиќ.

За потсетување, Михајловиќ веќе некое време е на удар на левичарите во Болоња, поради своето пријателство со Аркан. Од него се барало да се одрекне од Ражнатовиќ, ако сака да стане почесен граѓанин на Болоња.

Неговата книга која е пуштена во продажба, се најде и во италијанските медиуми. Тие ги пренесоа и најинтересните моменти од неговата фудбалска кариера.

Италијаните со особено внимание го пренеоа моментот кога популарниот Михајловиќ го опишува прочуениот конфликт кој го имаше со Патрик Виера, кој се случи во 2000 година.

„Една работа која не би ја повторил е таа во октомври, 2000 година. Кога играв фудбал, ги плукав играчите, им удирав лакти и ги навредував. Тоа се случи и со Виера. Му реков црнчуга и добив суспензија од три натпревари. Погрешив и тоа многу. Но, тој мене ме нарекуваше циган целит натпревар“, вели Михајловиќ, кој објаснува дека не постои таква работа каква што е расизмот во Србија.

 

 

 

Share
Scroll to Top