Десетгодишниот син на Вин Дизел, Винсент Синклер, ќе се појави во филмот „Брзи и бесни 9“ како помлада верзија на ликот на Дизел, Доминик Торето. Синот на славниот актер ги сними своите сцени во 2019 година. Пред Винсент, Алекс Мекги ја играше помладата верзија на Доминик, пишува „Варајати“.
Снимањето на деветтото продолжение на популарниот филм почна во јуни 2019 година во студиото во Англија, а заврши во ноември истата година.
Иако премиерата беше закажана лани летото, студиото „Јуниверзал“ го премести датумот за премиера поради пандемијата за 2 април 2021 година, потоа на 28 мај, а последниот датум е 25 јуни.
„Брзи и бесни 9“ ја продолжува приказната од осмиот дел од франшизата, која имаше премиера во 2017 година. Во ова ново поглавје Дом Торето ќе се соочи со својот помлад брат Јакоб и со убиецот што ја подготвува својата одмазда.
Во филмот играат и Џон Сена, Шарлиз Терон, Мишел Родригез, Тајрис Гибсон, Крис Лудакрис Бриџис, Џордана Брустер, Натали Емануел, Сунг Канг и Хелен Мирен.