Синот на Есма со емоции на годишнината од нејзината смрт: Знам дека си горе во рајот

Синот на Есма со емоции на годишнината од нејзината смрт: Знам дека си горе во рајот

пред 2 години

Симеон Атанасов, еден од посвоените синови на Есма Реџепова и Стево Теодосиевски, со емотивна порака се потсети на својата мајка на годишнината од нејзината смрт. Кралицата на ромската музика почина на 11 декември 2016 година по кусо боледување. Зад неа остана 55-годишна музичка кариера, традиција, име, настапи и ограбен дом во Скопје кој тоне во ѓубре и никако да стане музеј.

„Шест години без тебе, без твоите зборови: мило, пиле, ако имаш две, едно подели. Како што вели твојата песна ‘Горе во рајот’, јас знам дека си таму, затоа што тоа е вистинското место за мајка како тебе. Почивај во мир“, напиша тој на Инстаграм.

Есма Реџепова објави повеќе од 600 песни, кои се снимени на грамофонски плочи и касети. Имаше над 50 илјади концерти. Најмногу пееше на ромски и македонски јазик, но пееше и на српско-хрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди јазик. Нејзината најпопуларна песна „Чае шукарие“, која и денес се пее со иста љубов насекаде, стана официјална химна на сите Роми низ светот.

Во Брисел по неа е именувана и метро-станица, а во Швајцарија еден фестивал го носи нејзиното име.

Share
Scroll to Top