Сите обиди за убиство и киднапирање на кралското семејство

Сите обиди за убиство и киднапирање на кралското семејство

пред 3 години

Британското кралско семејство е најпознато во светот и е едно од најбогатите, па не чуди фактот што тоа во повеќе наврати било цел на убијци и киднапери.

Најнов случај е синот на принцот Вилијам, седумгодишниот Џорџ, кого пред три години паравоената терористичка групација ИСИС се закани дека ќе го киднапира.

94-годишната кралица Елизабета и нејзиниот 71-годишен син, принц Чарлс, како и неговата една година помлада сестра, принцезата Ана, во голем број наврати се нашле во слични ситуации, пишува „Дејли стар“.

Британците се загрижени и бесни поради заканите што ИСИС му ги испратил за четиригодишниот принц Џорџ преку апликацијата „Телеграм“, на која објавиле негова фотографија покрај училиште со порака: „Училиштето почнува порано“. За среќа заканата не ја остварија.

Шупливиот атентат на принцот Чарлс

Принцот Чарлс држел говор за време на посетата во Австралија на 16 јануари 1994 година. Човек по име Давид Канг истрчал од публиката кон принцот и почнал да пука со пиштол, кој бил полн со ќор-фишеци. Безбедносните служби бргу го совладале и јасно е дека неговиот обид бил да го исплаши кралското семејство и да ги промени ставовите кон стотината баратели на азил од Камбоџа, кои биле затечени во камповите во Австралија.

Нападот на кралицата

Кралицата Елизабета имала блиска средба со смртта во 1981 година кога во неа пукал 17-годишниот Џон Луис од големата собрана толпа што ја набљудувала додека таа била во дипломатска посета на Нов Зеланд.

Во моментот кога излегла од својот „ролс ројс“, Џон почнал да пука, а неколкуте куршуми, за среќа, само ја одминале кралицата.

За чудо, од скандирањата и аплаудирањето повеќето луѓе не ни забележале што се случило и дочекот продолжил како сè да е нормално. Момчето потоа изјавило дека сакало да ја заштити кралицата и да ја натера да им се посвети на проблемите што ги мачеле луѓето на Нов Зеланд.

Обидот за киднапирање на принцезата Ана

Во март 1974 година, единствената ќерка на кралицата Елизабета, 70-годишната принцеза Ана, се враќала од добротворен настан во Бакингемската палата. Таа била во придружба на својот сопруг Марк Филип кога на паркингот пред еден шопинг-центар биле пресретнати од вооружен маж.

Ана била во автомобилот кога киднаперот Јан Бал ѝ се заканил да излезе надвор. Тој имал намера да ја киднапира и да бара откуп во висина од два милиона фунти. Принцезата Ана храбро му одговорила дека нема шанси да се случи тоа.

„Го извадив пиштолот и се обидов да пукам во напаѓачот. Но, во тој момент ми се заглави. Успеав да влезам во автомобилот на принцезата, а напаѓачот беше веќе внатре со пиштол насочен кон неа. Ја подигнав раката пред пиштолот, а тој пукна. Куршумот ми помина покрај дланката и заврши во прозорецот. За среќа, не ја повреди принцезата“, изјавил Џим.

Освен него, напаѓачот го ранил и возачот на кралицата, а бил совладан благодарение на случајни минувачи, кои пристигнале напомош.

 

 

Share
Scroll to Top