Сите ракометари негативни пред утрешниот натпревар со Финска

Сите ракометари негативни пред утрешниот натпревар со Финска

пред 3 години

Ракометната федерација на Македонија потврди дека сите ракометари и членови на стручниот штаб се негативни на коронавирус пред утрешниот натпревар против Финска.

„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, а согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги направи последните тестирања за Ковид-19. Сите резултати на ракометарите и стручниот штаб се негативни“, стои во соопштението на РФМ.

Оттаму велат дека и селекцијата на Финска го потврди списокот на ракометари и делегацијата која доаѓа во Македонија, сите со негативни тестови.

Натпреварот Македонија – Финска се игра утре со почеток од 20 часот. Поради коронавирус, селекторот Брестовац не може да смета на тројца ракометари и тројца членови на стручниот штаб.

 

Share
Scroll to Top