Сите фризури на Кери Бредшо на едно место

Сите фризури на Кери Бредшо на едно место

пред 4 години

Наскоро започнува снимањето на продолжението на култната серија „Сексот и градот“, но овој пат без познатата Саманта, затоа што актерката Ким Катрал решила да стави точка на оваа улога.

Преостанатите три актерки, во друштво на останатите колеги, повторно ќе се соберат на сетот, како на публиката би ѝ прикажале како изгледа забавувањето во педесеттите години од животот.

Откако оваа убава вест беше соопштена, одлучивме да се осврне на некогашните епизоди и тоа низ призмата на фризури на нашата омилена колумнистка Кери Бредшо.

Имено, јунакињата Кери Бредшо во период измеѓу 1998 и 2004, во текот кога оваа култна серија се емитуваше, успеа да нè освои како со својот шарм, елоквенција и размислувања на разни теми, така и со совршениот моден вкус и магичните модни комбинации за секоја прилика.

Уживавме да го следиме нејзиниот љубовен живот, да погледнеме во светот на новинарството, и да се воодушевуваме на нејзините високи потпетици… Меѓутоа, тука не е крајот, затоа што нејзините фризури беа доста запазени, па од таа причина за вас ги издвоивме оние најубавите.

1. Долга, кадрава

2. Коњски опаш

3. Елегантна пунџа

4. Рамна коса

5. Брановит боб

6. Кадрав боб

7. Брановит коњски опаш

8. Неуредна пунџа

Share
Scroll to Top