Скопски менаџер си го истетовира ликот на Тома на ногата

Скопски менаџер си го истетовира ликот на Тома на ногата

пред 3 години

Македонскиот тату-артист Влатко Здравков го истетовира ликот на Тома Здравковиќ на ногата на менаџер на познат локал од Скопје. Под ликот на српскиот пејач истетовира и стих од една негова песна „Сè во животот е минливо другар“.

Тетоважата ги воодушеви следбениците на Влатко, кои велат дека се надминал себеси. „Уште да запее“, „Браво“, се дел од коментарите на видеото што тој го објави на Инстаграм.

Здравков долги години работи како тату-артист и често споделува видеа или фотографии од тетоважите што ги прави, а меѓу поинтересните се и ликовите на Чарли Чаплин, Фрида Кало, Ален Ајверсон и други.

Share
Scroll to Top