Фановитe на еден од најомилените музичари и кантавтори на просторите на Југославија, Ѓорѓе Балашевиќ, денеска пред „Пелистер“, во центарот на Скопје, направија спомен-катче за големиот Балашевиќ.
Фановите на ова место палеа свеќи и оставаа пораки со цвеќиња. Иницијаторите велат дека идејата им била го направат ова катче како место каде што сите оние кои пораснале, созреале и остареле со оваа голема балканска ѕвезда ќе можат да дојдат и да му оддадат почест.