Скопјани четири дена се налеваа со пиво и се веселеа на Skopje Beer Weekend

Скопјани четири дена се налеваа со пиво и се веселеа на Skopje Beer Weekend

пред 1 година

Многу испиени кригли пиво, стотици весели распеани луѓе и одлична фестивалска енергија. Во четирите вечери колку што траеше првото издание на Skopje Beer Weekend, успеа да ги сплоти сите љубители на ладно пиво и одлична музика во една неодолива атмосфера.

Пивото испреплетено со насмевки, љубов и музика комплетно ги освои скопјани но и посетителите од другите делови од Македонија.

На сцената настапија дел од нашите најдобри музички имиња: ДНК, Бени и Нон-Стоп, Дац и Александар, Бојана Скендеровска, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Џони Лајв, Џек Даниел, како и ѕвездите од соседството, Амадеус Бенд и Ален Исламовиќ.

Share
Scroll to Top