Скопје е меѓу најевтините градови за живот во светот

Скопје е меѓу најевтините градови за живот во светот

пред 3 години

Американската компанијата за аналитика „Мерсер“, го објави 27. извештај за трошоците на живот во светот и ја објави листата на најевтини градови за живеење, меѓу кои е и Скопје. Тие анализирале податоци од 209 градови на 5 континенти.

Според извештајот, Бишкек во Киргистан е прогласен за најевтин град за живот, а по него се Лусака во Замбија и Тбилиси во Грузија. Пет од десетте најевтини градови се во Африка, а ниту еден град во првите дваесет не е од Северна Америка. Најевтини градови за живот во Европа се Минск во Белорусија, кој е на 13. место, а Скопје е прогласен за 18. најевтин град за живот во светот.

За да се изработи извештајот биле мерени компаративни трошоци за повеќе од 200 нешта, од сместување и превоз, до храна и предмети за домаќинството, со цел да се рангира секој град. На листата 20 најевтини градови за живеење се:

Бишкек, Киргистан
Лусака, Замбија
Тбилиси, Грузија
Тунис, Тунис
Бразилија, Бразил
Виндхук, Намибија
Ташкент, Узбекистан
Габороне, Боцвана
Карачи, Пакистан
Банџул, Гамбија
Исламабад, Пакистан
Алжир, Алжир
Минск, Белорусија
Манагва, Никарагва
Ереван, Ерменија
Адис Абеба, Етиопија
Алмати, Казахстан
Скопје, Македонија
Рио де Жанеиро, Бразил
Блантајер, Малави

Share
Scroll to Top