Над 200.000 Скопјани останаа без покрив над главата на денешен ден пред 60 години. Погледот на ова дете пред Мустафа-пашина џамија зборува за очајот и тагата во првите денови по катастрофата.
На 26 јули во 1963 година, катастрофален земјотрес го погоди градот Скопје во 5 часот и 17 минути. Земјотресот е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија, со измерени 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата скала). Траел 20 секунди, со помали потреси до 5 часот и 43 минути.
Скопје повторно се крена од рушевините, а вечерва се организирани повеќе настани низ градот.
Фото: Ретро Скопје, Инстаграм