Скршеното срце на Бекам по елиминацијата на Англија: Синот Круз го утешуваше по драмата со Аргентина

Скршеното срце на Бекам по елиминацијата на Англија: Синот Круз го утешуваше по драмата со Аргентина

пред 10 часа

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам тешко ја поднесе елиминацијата на Англија од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, а емотивниот момент по натпреварот го одбележа неговиот син Круз, кој го прегрна и се обиде да го утеши разочараниот татко.

Дваесет и едногодишниот Круз Бекам на трибините на стадионот во Атланта носеше дрес со легендарниот број 7, кој неговиот татко го носеше во дресот на англиската репрезентација. Дејвид Бекам, пак, натпреварот го следеше во елегантно одело и вратоврска.

Во поголемиот дел од мечот, Бекам заедно со сопругата Викторија, синовите Круз и Ромео и ќерката Харпер со ентузијазам ја бодреше Англија, која имаше водство од 1:0.

Сепак, драматичниот пресврт на Аргентина во самиот финиш целосно ја промени атмосферата. „Гаучосите“ постигнаа два гола во последните минути и славеа со 2:1, обезбедувајќи место во големото финале.

Камерите го забележаа видно разочараниот Бекам, кој тешко ја криеше тагата, а во еден момент и ги бришеше солзите. По последниот судиски свиреж, Круз му пријде и силно го прегрна, во сцена која брзо го обиколи светот.

Подоцна, Бекам се огласи и на Инстаграм, каде поразот го опиша како „скршено срце“.

„Скршено срце за сите нас, но и спомени кои ќе инспирираат и ќе траат засекогаш. Благодарност до нашиот тим, нашите навивачи и нашата земја за сè што ни подаривте на ова Светско првенство“, напиша Бекам.

Само неколку дена претходно, Бекам со семејството присуствуваше и на четвртфиналниот натпревар против Норвешка во Мајами, каде Англија победи со 2:1 и избори пласман меѓу четирите најдобри селекции. Тогаш тој објави фотографија од семејството со порака дека е горд на репрезентацијата и дека прославата со најблиските била посебен момент.

На двата натпревари не беше присутен најстариот син на Бекам, Бруклин, кој веќе подолго време е во нарушени односи со семејството.

Според странските медиуми, Бруклин во јануари преку објава на социјалните мрежи јавно ги критикувал своите родители, обвинувајќи ги дека се мешаат во неговиот брак со Никола Пелц. Оттогаш тој ги пропушти и прославата за 50. роденден на Дејвид Бекам во 2025 година, како и семејното одбележување на Денот на таткото.

Дополнително, на почетокот на Светското првенство Бруклин привлече внимание со реклама во која објасни дека турнирот го следи од дома иако има билети, алудирајќи на затегнатите односи со семејството.

Share
Scroll to Top