Славејот од Галичник-концерт на Танец и цела музичка елита во чест на Александар Сариевски

Славејот од Галичник-концерт на Танец и цела музичка елита во чест на Александар Сариевски

пред 4 години

„Славејот од Галичник“  е концерт на Танец и пријателите во чест на Александар Сариевски и 100. годишнината од неговото раѓање. Концертот ќе се одржи на 15 спетември со почеток од 20 часот во МОБ .

dobivaj vesti na viber

Станува збор за вокално-инструментален спектакл во чест на неповторливиот глас на македонската народна песна, а на сцената ќе настапи цела македонската изведувачка елита – Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски, кои заедно со хорот и оркестарот на Танец ќе ги оживеат македонските песни,  „Абер дојде, Донке“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и уште многу други.

Александар Сариевски е инспирација за многу генерации. Со својот уметнички профил и богат авторски и изведувачки опус го запиша своето име во севкупната македонска културна историја и претставува една од најмаркантните фигури на македонската народна музика. За време на своето шестдецениско творење Сариевски зад себе остави над 400 трајни звучни записи за продукцијата на МРТВ, но и за други познати дискографски куќи.  Александар Сариевски е исто така и еден од основачите на ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“. Со „Танец“ тој патувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а заедно со целокупниот музички опус, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство.

Share
Scroll to Top