Славица Ќуктераш за поранешните љубови, пријателства и одлуки од минатото

Славица Ќуктераш за поранешните љубови, пријателства и одлуки од минатото

пред 2 месеци

Славица Ќуктераш неодамна гостуваше во популарното „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ, каде отворено зборуваше за различни детали од нејзиниот живот, меѓу кои и за поранешните љубови, пријателства и одлуки од минатото.

Пејачката накратко ја коментираше врската со нејзиниот поранешен сопруг, велејќи дека тие се „во добри односи“, без да наведе повеќе детали.

На прашањето за нејзиното поранешно момче, Славица реагираше прилично рамнодушно: „Ништо, што ме прашуваш?“ Кога водителот ја потсетил дека раскинала во јуни, таа само кратко додала: „Добро, и?

Славица проговори и за дуетот со Немања Николиќ, посочувајќи дека за време на соработката не ни разговарале. Таа коментираше и за тоа како тогаш медиумите имале погрешна перцепција за нивниот однос во рамките на натпреварот „Ѕвезде Гранда“:

Новинарите во тоа време имаа погрешна перцепција за работите. Мислеа дека јас и Тања се караме, а воопшто не знаеја кој со кого не разговара“, откри Славица.

Пејачката призна дека една од нејзините најдобри пријателки е Милица Тодоровиќ и откри интересна анегдота поврзана со поранешното момче на Милица: „Не му се јавив, туку му испратив порака од нејзиниот телефон на тоа име“, низ смеа рекла Славица, покажувајќи колку се блиски и колку се поддржуваат еден со друг.

На прашањето дали нејзината најголема грешка е што ја напуштила музичката кариера поради брак, Славица искрено одговорила: „Така се чувствував во тој момент, сега гледам поинаку. Не морам да стојам зад секој збор што ќе го кажам. Се менуваат мислењата“, додаде Славица, признавајќи дека со текот на годините и се променил ставот за многу работи.

Share
Scroll to Top