Славни ѕвезди кои и покрај лошите коментари за нивниот изглед успеале во Холивуд

Славни ѕвезди кои и покрај лошите коментари за нивниот изглед успеале во Холивуд

пред 2 години

На многу холивудски ѕвезди, кога биле на почетокот на кариерата, одредени менаџери и продуценти им рекле дека се предебели, прегрди или преобични за да успеат во својата работа. Односно им кажале дека не се доволно добри за светот на шоу бизнисот. Но сепак, и покрај сите навреди, успеале во своите намери и добиле врвни признанија за сопствените достигнувања.

Еве некои од денешните големи светски имиња кои се соочиле со навредливи коментари, првенствено на сметка на нивниот физички изглед.

Мерил Стрип

На кастингот за филмот „King Kong“ во 1976 година, режисерот ја нарекол оскаровката со погрдно име. Тој ѝ се обратил на италијански јазик со зборовите „Зошто ми ја доведовте оваа грдосија?“, во надеж дека таа нема да го разбере.

Но актерката му одговорила на совршен италијански јазик: „Жалам што не сум доволно убава!“.

Рис Витерспун

Во едно интервју, русокосата актерка изјави: „Кога првпат дојдов во Лос Анџелес, сѐ што слушав беше: Не, не е добро. Не си доволно висока, не си доволно убава, не си доволно паметна.“

Сепак, таа успеала да ги разубеди продуцентите и да се прослави со филмот „Legally Blonde“. 

Сара Џесика Паркер

Таа се прослави со улогата на Кери Бредшо во серијата „Sex and the City“, а денес важи за светска модна икона во Холивуд. Но на почетокот се соочила со бројни критики за нејзиниот физички изглед, кои ја следат и ден-денес. Па во 2008 година, едно американско списание ја прогласи за „најнесексипилна жена во светот“.

Сепак, таа не дозволува да биде категоризирана на овој начин, ниту пак ја допира премногу она што другите го говорат за неа.

Криси Тајген

Кога дошла на снимањето за модната куќа Forever 21, ѝ кажале дека е предебела, по што ја вратиле дома. Таа им го сврте грбот и замина да промовира други брендови.

Доколку го послушала својот прв работодавач, таа никогаш немала да стане познат модел и автор на книги.

 

Кеша

Толку многу ја погодиле критиките од менаџерите, што истите негативно се одразиле и на нејзиното здравје. Таа решила да ослаби, па почнала со драстични диети. Тоа довело до огромни проблеми со исхраната, па ѕвездата до ден-денес се опоравува во нив.

Сепак накрајот успеа да им докаже дека може да стане позната.

Леа Мишел

На 13 години, менаџерот ја да направи пластична операција на носот доколку сака да успее во Холивуд, бидејќи немала убаво лице за на телевизија.

Иако ѕвездата на серијата „Glee“ не го послушала, сепак достигна светска слава. Таа важи за една од оние познати дами кои ги прославија нивните мани, па сега токму „недостатокот“ ѝ е заштитен знак.

 

Винона Рајдер

На почетокот од својата актерската кариера, добила совет да си побара друга работа, бидејќи не била доволно убава за да настапува пред публика.

Сепак, актерката не се откажала од својот сон и стана важно име во кинематографската индустрија.

Кет Денингс

Иако глуми цврста и самосвесна жена во серијата „2 Broke Girls “, во вистинскиот живот доживеала тешките зборови поврзани со нејзиниот изглед. Пред да стане позната, ѝ рекле дека ќе успее во Холивуд само ако ослаби, ги исправи забите и го потемни тенот.

Иако не го промени личниот опис, таа постигна огромен успех.

 

Share
Scroll to Top