Сладолед колач со кафе - Reporter.mk

Сладолед колач со кафе – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

Кекс:
2 јајца
200 гр брашно
200 гр шеќер
6 лажици какао
1 лажичка пециво
2 пакетчиња ванилин шеќер
80 мл масло
150 мл млеко
100 мл сварено кафе

Крем:
500 мл слатка павлака
1 лименка засладено кондензирано млеко (380 мл)
1 шлаг крем од чоколадо

Начин на подготовка:

Најпрво испечете го кексот. Измешајте ги сувите состојки, па додајте ги течните. Убаво измешајте со маталка, миксер не ви е потребен. Печете во правоаголна тава, која претходно сте ја намрсиле и набрашниле, на 180 степени,  дваесетина минути. Проверете со чепкалка дали е печено. Откако ќе се излади, со врвот на сукалото направете дупки во тестото. За кремот изматете ја слатката павлака, па додајте го кондензираното млеко. Убаво измешајте и прелијте ја смесата врз кексот. Затресете ја тавата, за да се наполнат дупките. Ставете ја во замрзнувач, отприлика три часа. Изматете ја кесичката шлаг, по упатството на опаковката и премачкајте го колачот. Украсете го одозгора по желба и прелијте го со карамел сос.

Share
Scroll to Top