Случки од детството кои ја формираат психата на човекот

Случки од детството кои ја формираат психата на човекот

пред 3 години

Искуствата кои ни се случиле во детството нè пратат цел живо и често пати се причина за анксиозност или други нарушувања од кои страдаме во возрасната доба, тврдат психолозите.

Секако, ова не е правило кое се однесува буквално на секого, но траумите од детството секако влијаат врз ризикот од подоцнежен развој на психолошки проблеми.

Малтретирачи или жртви на малтретирање

Студијата објавена во 2013 година во стручното списание JAMA Psychiatry открива дека луѓето кои на било кој  начин се малтретирани во детството, почесто развиваат ментални нарушувања во адолесценцијата, а истото важи и за личностите кои биле малтретирачи. Потенцијалните последици од ваквите искуства се депресија, анксиозност, панични напади и многу друго.

Вашите родители пателе од анксиозност

Доколку родителите го имале тој проблем, ризикот дека ќе развиете слично нарушување е зголемено. Истражувањата покажуваат дека децата кои растеле со анксиозни личности почесто размислуваат негативно и полека одат кон депресија.

Никогаш не сте ризикувале

Дури и претераната родителска заштита може да биде причина за анксиозност во возрасната доба. Во таквото дете расте страв од секоја потенцијална опасност и однесувањето го пренесуваат и во подоцнежните години. Поради отсуството на искуство, секоја потешка ситуација кај вас може да развие анксиозност.

Како дете сте поминале низ многу стресни ситуации

Доколку константно како дете сте биле под стрес од различни причини, вие се подложни на анксиозно нарушување.

Не сте добивале доволно љубов

Како и да размислувате или да не го забележувате, сепак недостатокот на љубов во детството силно влијае врз секоја личност. Истражувањата потврдија дека возрасните кои како деца не добивале доволно љубов стануваат поподложни на депресија и анксиозно нарушување.

Share
Scroll to Top