Снежана Ѓуршиќ била шампион во џудо на Југославија пред да стане пејачка

Снежана Ѓуршиќ била шампион во џудо на Југославија пред да стане пејачка

пред 4 години

Малкумина знаат дека пејачката Снежана Ѓуришиќ во младоста била шампион во џудо. Таа неодамна откри дека нејзините родители уште од деца ги поттикнувале неа и сестра ѝ да се занимаваат со спорт. А Снежана, пред да почне да тренира џудо, играла кошарка и одела на пливање.

„Татко ми секогаш нè мотивираше да спортуваме. Сестра ми реши да биде играорка, а и јас одев на фолклор додека живеевме во Краљево. Но штом се преселивме во Белград, почнав да спортувам. Најмногу му се посветив на џудото. Бев шампион на Белград во мојата категорија, па првак на Србија и на крај шампион на Југославија“, рекла пејачката.

Таа вели дека спортскиот начин на живот ѝ годи и сега, па иако не спортува активно, сака да пешачи. Се буди рано наутро за да го искористи денот.

„Не сум од оние што стануваат на пладне, а почнуваат да функционираат од 3. Вака е многу поубаво“, додала таа.

 

 

Share
Scroll to Top