Сникерс коцки со урми и кикирики

Сникерс коцки со урми и кикирики

пред 3 години

Потребни состојки:

200 г урми без семка,
2-3 супени лажици путер од кикирики,
прстофат сол,
100 г овесни снегулки
60-80 г печени кикирики
120 г темно чоколадо за готвење
1-2 лажички масло и вода по потреба

Начин на подготовка:

Земете ги урмите и една по една сечете ги на половина и извадете ја семката од нив. Потоа ставете ги во сад и прелијте ги со вода. Оставете ги да отстојат 2-4 минути, па исцедете ја водата и префрлете ги во блендер, со додавање на 2-3 супени лажици путер од кикирики и прстофат сол. Смесата се блендира додека да се соединат сите состојки, а конзистентноста треба да биде многу тенка. Дел од смесата (помалку од половина) се трга настрана, а 3/4 остануваат во блендерот. Во блендерот се додаваат 100 г овесни снегулки. Добро би било ако најдете мелени овесни снегулки, за смесата што повеќе да се соедини, а доколку не најдете можете и дома да ги сомелете. Повторно се блендира сè додека смесата изгледа на влажен песок, треба да биде многу мека.

Потоа смесата се става на работна површина обложена со хартија за печење, а одозгора се става уште една хартија и малку се сплескува со помош на раце. Со помош на оклагија, смесата се развлекува во форма на правоаголник.

По развлекувањето, се трга горната хартија и со голем н ож или некоја друга рамна алатка се измазнуваат краевите. Одозгора се премачкува со смесата од путер од кикирики и урми која претходно ја тргнавте настрана.

Смесата добро се распоредува и убаво се измазнува, и потоа одозгора се редат печените кикирики. Можете да користите несолени-печени, или по ваш вкус, и наредете ги одозгора. Колачот се става во фрижидер да отстои 30 – 40 минути пред да се продолжи со постапката.

Во меѓувреме, се топи темното чоколадо за готвење заедно со маслото на пареа, а по стврднувањето на колачот се сечат правоаголници, мене ми излегоа по 4 долги правоаголници. Секој правоаголник се превртува со кикириките одоздола и долната страна се премачкува со растопеното чоколадо.

Повторно колачињата се ставаат во фрижидер малку да се стврдне чоколадото, а потоа повторно се вадат и се вртат со кикириките одозгора, па се премачкуваат цели со топеното чоколадо.

За последен пат, се враќаат во фрижидер колку да се стврдне чоколадото, а потоа се сечат на коцки, од секој правоаголник излегуваат 1-2 коцки, па се послужуваат.

Share
Scroll to Top