Сноуден и Маск нè советуваат да ја избришеме апликацијата „Вацап“

Сноуден и Маск нè советуваат да ја избришеме апликацијата „Вацап“

пред 3 години

Сноуден и Маск нè советуваат да ја избришеме апликацијата „Вацап“, пренесуваат медиумите. Апликацијата за размена на пораки бара од корисниците до 8 февруари да се изјаснат дали ја прифаќаат новата контроверзна политика на приватност.

Во спротивност пристапот до апликацијата ќе им биде забранет. Оние што приватноста на податоците и доверливоста во комуникацијата им е важна тврдат дека постојат подобри апликации од оваа.

Најавата за новата политика на приватноста на „Вацап“ наведе голем број од корисниците да побараат алтернативи, а познатите личности, како Илон Маск и Едвард Сноуден, ги повикаа сите да се определат за апликација што повеќе се грижи за приватноста на вашите податоци.

Дури и творците на „Вацап“, кои апликацијата му ја продадоа на „Фејсбук“ во 2014 година за 18 милијарди долари, му го свртеа грбот на своето чедо, а коосновачот Брајан Ектон во интервју дадено во 2018 година призна дека ја продал приватноста на корисниците за поголема корист.

Апликацијата во сопственост на „Фејсбук“ има повеќе од две милијарди корисници во светот, па дури и ако милиони од нив се одлучат да престанат да го користат „Вацап“, малку е веројатно дека неговата популарност значително ќе ослаби.

Но, за оние што не се задоволни со новите услови и одредби или, едноставно, сакаат апликацијата од „Фејсбук“ да ја остават зад себе, некои од алтернативите во 2021 година би можеле да бидат следни:

„Телеграм“ е една од апликацијата која е омилена кај корисниците на размена на пораки. Таа поддржува многу слични функции како и „Вацап“, па дури има и некои дополнителни.

Основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, непрекинато го критикува „Вацап“ поради забележливите проблеми со безбедноста и приватноста опишувајќи го како опасен. Тој тврди дека „Вацап“, во сопственост на „Фејсбук“, никогаш нема да биде безбеден.

„Ниту еден ден од постоењето на ‘Вацап’ оваа услуга не беше безбедна“, напишал Дуров во една објава на својот блог кога е откриено дека налогот на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, наводно бил хакиран поради безбедносна грешка во апликацијата.

 

Со повеќе од 400 милиони корисници, „Телеграм“ стана популарна и позната алтернатива на корисниците што повеќе ги интересира и се загрижени за својата приватност.

„Сигнал“ е апликација слична на „Телеграм“ и „Вацап“. Оваа апликација е бесплатна и едноставна за употреба и е достапна на сите главни платформи.

За разлика од претходните две апликации, „Сигнал“ користи отворени кодови за шифрирање, кои им овозможуваат на програмерите безбедност да ги тестираат сите недостатоци и да ги пронајдат грешките.

Оваа дополнителна безбедност доаѓа по цена на некои функции што поддржуваат други апликации за размена на пораки, што значи дека е нешто построга во својот изглед и функционалност.

„Сигнал“ е популарна меѓу милијардерите и дисидентите и нуди веројатно најбезбеден метод за комуникација во споредба со која било друга апликација за размена на пораки.

„Вибер“ е апликација што ја користат над 260 милиони корисници. Во некои земји е повеќе популарен и од „Телеграм“. Корисниците обично регионално се определуваат за оваа апликација, што значи дека може да ви биде потешко да најдете пријатели што живеат на дел од планетата каде што оваа апликација не е толку популарна.

Неговата основна база на корисници е во Источна Европа, Северна Африка и на Блискиот Исток, но има и корисници во други делови во светот. Оваа комуникација овозможува групен разговор, испраќање гласовни и видеопораки и поддржува видео и аудиоповици.

Слично како на „Телеграм“ и „Вацап“, сите пораки на „Вибер“ се шифрирани, а исто така им овозможува на корисниците испраќање временски ограничени пораки, кои по одреден временски период ќе бидат избришани.

Апликацијата „Трима“, чие седиште се наоѓа во Швајцарија, претставува сервис за размена на пораки што генерираат најмалку кориснички податоци.

Тоа им овозможува на корисниците да користат осумцифрен идентификациски код, но не нивниот телефонски број за да се поврзат со други корисници, а контактите може да се потврдат со помош на „кју-ар“ код.

Оваа апликација нуди неколку функции, кои не се достапни на „Вацап“, како реагирање на поединечни пораки и заклучување на индивидуалните разговори со лозинка.

За разлика од другите наведени опции, „Трима“ не е бесплатна, а еден од нејзините слогани е и:  „Не плаќал со своите податоци“. Уште еден недостиг, инаку е одлична апликација, е тоа што има само 10 милиони преземања во продавниците на „Гугл“, што значи дека на корисниците нема да им биде тешко да најдат луѓе со кои би можеле да разменуваат пораки.

Извор/rts.rs

 

 

Share
Scroll to Top